Претседателот на словенечкиот Државен збор во Македонија

12.09.2017 08:17

Брглез со високи државни и воени почести ќе биде пречекан на главниот влез на Собранието од страна на претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери. По пречекот Џафери и Брглез ќе имаат средба.

Претседателот на Државниот збор на Република Словенија Милан Брглез денеска во официјална посета на земјава. Ќе има обраќање во Собранието на Република Македонија.

Брглез со високи државни и воени почести ќе биде пречекан на главниот влез на Собранието од страна на претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери. По пречекот Џафери и Брглез ќе имаат средба.  

Во Собранието претседателот на словенечкиот Државен збор ќе има и заедничка средба со претседателите на комисиите за надворешна политика и за европски прашања, Антонијо Милошоски и Артан Груби.

За време на посетата, Брглез ќе се сретне и со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.