Министерот Димитров во работна посета на Велика Британија

12.09.2017 10:32

Шефот на македонската дипломатија во Лондон ќе има билатерални средби со британски парламентарци, како и одделна средба со членовите на Комисијата за надворешни односи во Горниот дом на Парламентот, информираат од МНР.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска и утре ќе престојува во прва работна посета на Велика Британија. Домаќин му е британскиот државен министер за Европа, Сер Алан Данкан.

Шефот на македонската дипломатија во Лондон ќе има билатерални средби со британски парламентарци, како и одделна средба со членовите на Комисијата за надворешни односи во Горниот дом на Парламентот, информираат од МНР.

Се очекува за време на посетата на Димитров на Лондон, да биде потврдена британската поддршка за македонските евроатлантски интеграции, а ќе се разговара и за унапредување на билатералните односи, преку конкретни проекти во различни области.