ОН: Поостри санкции за Северна Кореја

12.09.2017 10:55

Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации, Ники Хејли, изјави дека нејзината земја не сака војна со Северна Кореја, нагласувајќи дека Пјонгјанг „сѐ уште не ја преминал точката од која нема враќање назад“.

Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција за поостри санкции за Северна Кореја, поради нејзините ракетни тестирања. Русија и Кина, исто така, го поддржаа документот што го предложија САД, со кој се забранува извозот на јаглен, олово и морски плодови.

Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации, Ники Хејли, изјави дека нејзината земја не сака војна со Северна Кореја, нагласувајќи дека Пјонгјанг „сѐ уште не ја преминал точката од која нема враќање назад“.

Ова е 9-та резолуција со санкции, која Советот за безбедност ја усвојува едногласно поради ракетната и нуклеарната програма на Северна Кореја.

Пјонгјанг тврди дека има произведено хидрогенска бомба и постојано се заканува дека ќе ги нападне САД.