Владата ќе расправа за ЕУ фондовите и напредокот во процесот на евроинтеграција
12.09.2017 11:48
Пред министрите на разгледување и на усвојување се повеќе годишни извештаи за работењето на јавни претпријатија и државни установи и предлог- одлуката за одобрување на ревидираната годишна сметка.

На владината седница се најновите информации за користење и имплементација на фондовите од Европската унија, за напредокот во процесот на европска интеграција, и за реализацијата на приоритетите за влез во НАТО.
Пред министрите на разгледување и на усвојување се повеќе годишни извештаи за работењето на јавни претпријатија и државни установи и предлог- одлуката за одобрување на ревидираната годишна сметка.
Владата ќе ја разгледа и информацијата со анализа за причините и можните причинители за загадување на воздухот во летниот период.
