Повторно одложена јавната седница во Врховен суд за случајот „Монструм“

12.09.2017 12:58

Не присуствуваше еден од осудениците. Уште еднаш беше побарано да се обезбедат доказите што ги има Специјалното јавно обвинителство за случајот „Монструм“.

Повторно одложена јавната седница во Врховниот суд за жалбите на обвинетите за доживотните затворски казни за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Не присуствуваше еден од осудениците. Уште еднаш беше побарано да се обезбедат доказите што ги има Специјалното јавно обвинителство за случајот „Монструм“.

Според адвокатот на обвинетите Насер Рауфи, Специјалното јавно обвинителство треба да го преземе предметот за да се дознае вистината.

„СЈО има компетенции и треба да го преземе овој случај, затоа што само на тој начин ќе се дојде до вистината за овој предмет“, изјави Рауфи.

Јавната седница е презакажана за 3-ти октомври.