Заев: Евроатлантските перспективи стануваат реалност

12.09.2017 13:45

Посветеноста на Владата на реформскиот процес е високо почитувана од Европската унија, која со отворен оптимизам цени дека Република Македонија е пред најголемата шанса досега за напредок и успех, истакнал Заев пред министрите задолжени за спроведување на Планот 3-6-9.

Се заокружува реализацијата на првата фаза од Планот 3-6-9. За првиот тримесечен рок, 46 мерки се веќе реализирани, а останатите 27 се во фаза на реализација и ќе финишираат до крајот на месецов.

Посветеноста на Владата на реформскиот процес е високо почитувана од Европската унија, која со отворен оптимизам цени дека Република Македонија е пред најголемата шанса досега за напредок и успех, истакнал Заев пред министрите задолжени за спроведување на Планот.

Република Македонија веќе ја поставивме во фокусот на домашните и на странските инвеститори, бидејќи со принципиелни политики станавме земја пријателка на регионално и на меѓународно ниво, нагласил Заев.

Веќе се почнати активности и за новиот шест- месечен рок од Планот. Заклучено е, како што се додава во соопштението од владината прес- служна, тие да се дефинираат пред локаните избори, за да се овозможи планираната реализација до април следната година.

Реални се шансите Европската комисија да ја тргне условената препорака на есен, а следен чекор да биде датум за почеток на преговорите со ЕУ и напредок во НАТО интеграциите, порачал премиерот Заев на средбата со министерската група задолжена за реализација на реформскиот План 3-6-9.