Министерот Спасовски со отчет за сработеното во првите 100 дена

12.09.2017 14:57

Полицијата е целосно подготвена за создавање услови за мирни и демократски избори, уверува министерот за внатрешни Спасовски. Паралелно се спроведуваат реформите, во фокусот тајните служби, борбата против организираниот криминал и миграцијата...

МВР почна со спроведување на реформите од Планот 3-6-9. Во фокусот, реформите на разузнавачките слижби, борбата против организираниот криминал и справувањето со мигрантите, вели министерот Спасовски. УБК мора да биде професионализирана, департизирана и треанспарентна. Формиран е Национален комитет за спротивставување со насилниот екстремизам и радикализам. Почната е и постапка за операционализација на Националниот координативен центар за борба против организираниот криминал. Ќе учествуваат и Финасиската полиција, УЈП, Управата за финасиско разузнавање, Царината и Јавното обвинителство. Треба да ги ловат криминалните групи кои дејствуваат во земјава, но и во меѓународни рамки. Почната е реформата за следење на комуникациите, рече ресорниот министер во отчетот.

Формирана е и Специјална единица за борба против трговија со луѓе и криумчарењето мигранти. Изработен е и нов Закон за азил и доставен до ЕУ на оценка, а во завршна фаза е и Законот за странци. Спасовски, информира дека ги намалиле трошоците за репрезентација, а почната била постапка за набавка на униформи на полицајците. Ќе се набават и 40 возила.

Безбедносната состојба во државата е стабилна. Намалени се кривичните дела и прекршоците, констатираше Спасовски. Во изминатите 100 дена, МВР разбила 23- члена криминална група која криумчарела мигранти, решила 4 од 5 убиства, запленила 240 килограми разни наркотици.

Полицијата е целосно подготвена за локалните избори, тврди ресорниот министер. На оперативно ниво ќе се дејствува во обезбедувањето на фер и мирни избори. За прекршителите следуваат строги казни.

 

Наташа Гркова- Петрушевска