Заев- Брглез: Време е Република Македонија да влезе во НАТО
Брглез, како што соопшти владината прес-служба, порачал дека Словенија останува силен поддржувач на развојот на Македонија.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска се сретна со Милан Брглез, претседател на Државниот збор на Република Словенија, придружуван од словенечка парламентарна делегација како и од словенечкиот амбасадор во Македонија, Милан Јазбец.
Брглез, како што соопшти владината прес-служба, порачал дека Словенија останува силен поддржувач на развојот на Македонија.
„Република Словенија останува силен поддржувач на развојот на Македонија, ќе помогнеме во евро-атлантските интеграции, фокусот од Црна Гора го префрлуваме на Македонија, сега е време Република Македонија да влезе во НАТО“, истакнал Брглез.
Премиерот Заев му се заблагодарил во име на граѓаните на Република Македонија и на дражвата, за пријателската, принципиелна и конструкивна поддршка од Република Словенија.
„Го заокружуваме успешно првиот дел од реформскиот План 3-6-9. Владата и институциите, во соработка со граѓанското општество и со пријателите на Македонија од ЕУ и НАТО работат посветено за да осигураат квалитетен живот на граѓаните и заедно со тоа, низ добрососедската и регионална соработка, реализација на стратешките евро-атлантски цели“, нагласил Заев.
Македонскиот премиер повикал на охрабрување на словенечките биснисмени да инвестираат во Македонија, за што е има заедничка согласност дека е можно низ отворените шанси за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји.
