Двајца македонски рудари загинаа во Србија

12.09.2017 16:00

Безживотни тела на двајца македонски рудари пронајдени во рудникот „Леце“ во Србија. Според очевидци, несреќата се случила при минирање- се претпоставува дека се задушиле од гасови во јамата...

Синоќа околу 23 часот во рудникот „Леце“ во околина на Медвеѓа на југот од Србија, пронајдени се беживотните тела на двајца македонски рудари кои работеле во тој рудник. Според медиумите, од рудникот потврдено е дека се настрадани македонските државјани-  Зоран Петковски (48) и Тони Нанев (53).

Според сведоците, несреќата се случила за време на минирањето не еден дел во рудникот. Медиумите се повикуваат на сведочењето на еден од рударите кој бил во иста смена со настраданите, кој изјавил дека македонските рудари се немаат на време повлечено при минирањето и се имаат загушено од гасовите во јамата од рудникот.

Според други сведоци, еден од настраданите македонските рудари кој бил надзорник се симнал во јамата по минирањето со колегата, иако бил предупреден тоа да не го прави.

По потрагата на рударите, лекарите од Домот за здравје во Медвеѓа констатирале смрт. Истрагата е во тек, а телата на загинатите рудари ќе бидат пратени на обдукција.

Зоран Петковски и Тони Нанев во рудникот Леце работеле околу четири години.

 

Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ