Собрание

Дебатата за Законот за јазиците продолжува во Комисијата за политички систем

13.09.2017 08:51

Расправата за Предлог законот за употреба на јазиците во ова собраниско тело почна завчера, откако претходно доби зелено светло од Комисијата за европски прашања која за него дебатираше како матично тело.

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за култура. Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ја продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците.

Расправата за Предлог законот за употреба на јазиците во ова собраниско тело почна завчера, откако претходно доби зелено светло од Комисијата за европски прашања која за него дебатираше како матично тело.

Според образложението од Министерството за правда, основна цел за носење на законот е доследна примена на уставните амандмани во законскиот текст во однос на употребата и примената на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо. Воедно се регулира и употребата на другите јазици на кои зборуваат граѓаните од заедниците кои се помалку од 20 проценти.