Ураганот „Ирма“ усмрти над 50 луѓе на карипска и американска територија
13.09.2017 10:25
Жртвите загинале во сообраќајни несреќи, струјни удари, влошување на здравствената состојба, а дел од нив настрадале и при подготовките за ураганот...

Ураганот Ирма усмрти 55 луѓе во САД и на Карипските острови. Жртвите загинале во сообраќајни несреќи, струјни удари, влошување на здравствената состојба, а дел од нив настрадале и при подготовките за ураганот.
Претседателот Доналд Трамп најави посета на погодените региони. Европските земји чиишто прекуморски територии беа дел од траекторијата на Ирма ја зголемуваат помошта и поддршката за островите.
