Воена делегација на Националната гарда на Вермонт во посета на Република Македонија
Во рамки на посетата, делегацијата ќе биде примена од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски и ќе оствари средба со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Воена делегација на Националната гарда на Вермонт (САД), предводена од Командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј престојува во Република Македонија.
Во рамки на посетата, делегацијата ќе биде примена од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски и ќе оствари средба со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
НГ на Вермонт е партнер на АРМ со кој преку воената контакт програма се реализираат активности за соработка со Армијата на САД. Оваа програма се реализира преку различни форми на обука, како што се семинари, конференции, посети на воени бази, школски центри и институции во САД, изведување на заеднички вежби идруго.
Делегацијата ќе престојува во земјава до 17-ти овој месец.
