Жестока реторика на состанокот на Арапската лига
13.09.2017 11:26
Четиричлената коалиција ги прекина трговските и дипломатските врски со официјална Доха поради наводна поддршка за тероризмот и блиските односи со Иран.

Жестока реторика на состанокот на Арапската лига во Каиро. Најновиот вербален конфликт меѓу дипломатите од Катар и четирите држави кои ја блокираат заливската земја е последното поглавје во трмесечната криза.
Четиричлената коалиција ги прекина трговските и дипломатските врски со официјална Доха поради наводна поддршка за тероризмот и блиските односи со Иран.
Катар ги негира обвинувањата.
