Наскоро ќе се обнови авионската линија Скопје- Сараево

13.09.2017 13:39

Со возобновувањето на авионската линија се очекува дека ќе се олесни комуникацијата меѓу граѓаните и бизнис секторот. Според министерот Сугарески, ова е од исклучително значење за двете држави.

Се очекува да биде возобновена директната авионска линија меѓу Скопје и Сараево, најавија министрите за транспорт на Макеоднија и БиХ, Горан Сугарески и Исмир Јуско.

Со возобновувањето на авионската линија се очекува дека ќе се олесни комуникацијата меѓу граѓаните и бизнис секторот. Според министерот Сугарески, ова е од исклучително значење за двете држави.

„Се надеваме дека оваа авионска линија која пред неколку години е укината ќе биде повторно активирана во најбрз можен рок со цел граѓаните да можат на најбрз можен начин да стигнат до Сараево и до Скопје“, истакна Сугарески.

Двајцата министри разговарале и за приклучување на БиХ во транспортната заедница и продлабочување на соработката во патниот сообраќај.