Командантот на НГ на Вермонт, Стивен Креј на средби со Иванов и Џафери
14.09.2017 08:16
Делегацијата предводена од Креј вчера имаше средба со началникот на Генералштабот на АРМ и министерката за одбрана...

Командантот на Националната гарда на сојузната американска држава Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј, денеска ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Креј, кој до 17-ти септември во Македонија ја предводи воената делегација на Националната гарда на Вермонт, денеска ќе има средба и со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, како и со членовите од собраниската Комисија за одбрана и безбедност.
Делегацијата предводена од Креј вчера имаше средба со началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
