Дански испит за Зомимак
Ракометарите на Зомимак М од Струмица денеска ги очекува настап во второто коло од купот на Европската ракометна федерација. Во салата Парк во Струмица гостува екипата на Скјерн од Данска, двоен освојувач на Челенџ купот пред десетина години. По поразот од Монпеље на гости, струмичани се свесни дека дуелот со Скјерн е шанса да се освојат првите бодови во групата Б и да се задржат шансите за посакуваниот пласман меѓу најдобрите осум екипи во второто по ранг европско натпреварување.

Според информациите од Струмица, салата ќе биде исполнета до последно место и се најавува ракометен спектакл.
Мечот Зомимак М-Скјерн почнува во 17 часот и 30 минути, а јавниот сервис ќе го пренесува на МРТ собранискиот канал.