Пенс: Вашингтон е за остварување на евроатлантските амбиции на Западен Балкан
14.09.2017 10:29
Aмериканскиот потпретседател Мајкл Пенс телефонски разговараше со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини...

САД сакаат да соработуваат со Европската унија во остварување на евроатлантските амбиции на земјите од Западен Балкан, изјави американскиот потпретседател Мајкл Пенс во телефонски разговор со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.
Дискутирале и за проблемот со Северна Кореја, кој според нив, мора да се решава со координирани напори меѓу Брисел и Вашингтон.
