Димитров за „Ројтерс“: Македонија се надева дека направи доволно да ја убеди ЕУ да почне пристапни преговори
Доколку оствариме доволно реформи дома, се надеваме дека ќе го достигнеме стадиумот за преговори за членство во ЕУ, смета шефот на македонската дипломатија...
Македонија се надева дека направила доволно да ја убеди Европската унија да почне пристапни преговори во момент кога веќе 25 години продолжува спорот со Грција, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров за „Ројтерс“.
Тој вели дека Грција не го прифатила веднаш минатомесечниот предлог на Македонија да го употребува името Поранешна Југословенска Република Македонија во другите меѓународни тела.
Доколку оствариме доволно реформи дома, се надеваме дека ќе го достигнеме стадиумот за преговори за членство во ЕУ, и истовремено ќе постигнеме договор за прашањето за името, изјави Димитров.
