Завршни зборови на одбраната во случајот „Диво насеље“
14.09.2017 10:42
Обвинителството во завршните зборови побара највисоки казни за обвинетите за тероризам и терористичка организација...

Ново рочиште на судскиот процес за случајот „Диво насеље“. Треба да продолжи со завршните зборови на одбраната.
Претходно, обвинителството во завршните зборови побара највисоки казни за обвинетите за тероризам и терористичка организација.
На 9-ти и 10-ти мај 2015-та година во акцијата против терористичката група загинаа осум припадници на полицијата, а 40-ина беа повредени.
