Средба Џонсон- Тилерсон

14.09.2017 11:01

Шефот на британската дипломатија е домаќин на состанокот на кој присуствуваат и италијанскиот министер за надворешни работи Анџелино Алфано, шефот на египетската дипломатија Самех Шукри...

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон ќе има средба со американскиот колега Рекс Тилерсон, фокусирана на последиците од ураганот „Ирма“, Северна Кореја и за Либија.

Шефот на британската дипломатија е домаќин на состанокот на кој присуствуваат и италијанскиот министер за надворешни работи Анџелино Алфано, шефот на египетската дипломатија Самех Шукри, како и специјалниот пратеник на ОН за Либија, Гашам Саламе.