Пожар во Исламско училиште во Малезија
14.09.2017 11:33
Огнот се проширил од покривот на објектот. Спасени се 14 ученици и четворица професори.

Пожар усмрти дваесетина луѓе, од кои повеќето тинејџери, заглавени зад прозорци со решетки и блокиран излез во студентски дом на исламско верско училиште во предградието на Куала Лумпур.
Огнот се проширил од покривот на објектот. Спасени се 14 ученици и четворица професори.
Според првичните проценки, пожарот избил поради краток спој.
