Стејт Департмент: Референдумот во Каталонија е внатрешно прашање

14.09.2017 12:04

Вашингтон ќе соработува со секоја структура која ќе биде формирана по гласањето. За официјален Мадрид, двата закона усвоени од Парламентот на Каталонија и самиот референдум се незаконски.

Портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт смета дека референдумот за независност на Каталонија е внатрешна работа на Шпанија.

Потенцира дека нема да се мешаат во одлуката на владата и на народот. Вашингтон ќе соработува со секоја структура која ќе биде формирана по гласањето.

За официјален Мадрид, двата закона усвоени од Парламентот на Каталонија и самиот референдум се незаконски.

Шпанските власти се заканија со последици за каталонските власти, ако го организираат.