Фенингер го грабна златото во супервелеслалом
Ана Фенингер е третата австриска олимписка лауреатка во супервелеслалом едноподруго.

Таа се надоврза на успесите на Михаела Дорфмајстер во Торино и на Андреа Фишбахер во Торино и ги заслужи победничките почести на тешката и нерамна патека, која му додаде значителна контроверзна нишка на натпреварувањето во супер-џи. Фенингер највешто ги избегна замките што ги постави австрискиот тренер Винклер и одличната супервелеслаломска форма сезонава ја потврди со резултат за 55 стотинки подобар од оној на Германката Марија Хефл-Риш. Водечката во Светскиот Куп се до пред крајот беше на шампионски курс, но по неколку пропусти во финишот го освои само среброто, неколку дена откако триумфираше во комбинација. Бронзениот медал и припадна на втората Австријка, сребрената во комбинација Никол Хосп, којашто заостана 66 стотинки. Опасните делови од патеката беа кобни за голем дел од скијачките, па на целта стигнаа само 31 од вкупно 50.
Во отсуство на Лихтенштајнката Тина Вајратер, којашто не се опорави од повредата на потколеницата пред неколку дена, без трофеј остана Швајцарката Лара Гут. Тројната суперџи победничка сезонава во Светскиот Куп заврши четврта, пред Словенката Тина Мазе на петтото место. Пиедесталот им побегна за само седум, односно за ссамо десет стотинки.
Австрија има вкупно осум, од 24 медали во оваа дисциплина, воведена во олимписката програма во Калгари пред 26 години.
