Австрија против проширување на Еврозоната
Керн изјави дека за прием во еврозоната секоја земја мора да ги исполни критериумите од Мастрихт, додавајќи дека на ЕУ ѝ е потребно „повеќе Европа“ во економијата, борбата против даночните измами, дампинг цените на трудот и социјалните услуги.

Австрискиот канцелар Кристијан Керн и шефот на дипломатијата Себастијан Курц го одбија предлогот на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер за вклучување на сите членки од ЕУ во Еврозоната.
Керн изјави дека за прием во еврозоната секоја земја мора да ги исполни критериумите од Мастрихт, додавајќи дека на ЕУ ѝ е потребно „повеќе Европа“ во економијата, борбата против даночните измами, дампинг цените на трудот и социјалните услуги.
Шефот на австриската дипломатија Курц исто така ја посочи Грција како пример за тоа дека во еврозоната не треба да бидат примени земји што не ги исполнуваат условите.
