САД ќе испорачаат оружје за Курдите од Сириските демократски сили
14.09.2017 13:34
Портпаролка на Пентагон, Дејна Вајт соопшти дека американскиот претседател Трамп го овластил Министерството за одбрана да достави лесни оружја, автомати, муниција, блиндирана техника и друга опрема.

САД донесоа одлука да им испорачаат оружје на Курдите од Сириските демократски сили, наменето за борбата против групата Исламска држава (ИД) и покрај противењата на Турција.
Портпаролка на Пентагон, Дејна Вајт соопшти дека американскиот претседател Трамп го овластил Министерството за одбрана да достави лесни оружја, автомати, муниција, блиндирана техника и друга опрема.
Турција е загрижена поради соработката на САД со Силите за заштита на народот (СЗН), кои ја сочинуваат основата на сСириските демократски сили, во борбата против ИД.
