Заев- ММФ: Создаваме услови за економски напредок
Премиерот Зоран Заев придружуван од дел од економскиот владин тим денеска оствари средба со шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Јесмин Рахман...

Ориентирани сме кон развој и финансиска стабилност на државата. Создаваме услови за економски напредок и цениме дека е тој можен, низ поддршка на инвеститорите, посебно домашните претпријатија и отворање нови работни места, рекол премиерот Заев на средбата со шефицата на ММФ за Македонија, Јесмин Рахман.
Новата влада скрати милиони евра непродуктивни трошоци и дека парите се пренасочени кон проекти за капитални инвестиции, што ќе го покаже и буџетот за 2018-та година, стои во дописот од владината прес- служба.
Политиките на владата насочени кон стратегиските цели на државата за евроатлантски интеграции се дополнително охрабрување за домашните и за странските инвеститори и оттаму со право веруваме дека економската клима во државата ќе даде видливи резултати, додадал премиерот.
