Декларација за заеднички настап на локалните избори

Груевски: Она што нѐ обединува е потребата за напредок и желбата за подобар живот

14.09.2017 16:45

„Она што нѐ обединува е потребата за напредок и желбата за подобар живот“- порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на потпишувањето на декларацијата за заеднички настап на локалните избори. Блокот е составен од 19 партии. Сите се обврзаа за демократски и фер изборен циклус.

ВМРО-ДПМНЕ потпиша декларација за заеднички настап на претстојните локални избори. Блокот е составен од 19 партии. Лидерите се обврзаа за демократски и фер изборен циклус. Она што нѐ обединува е потребата за напредок и желбата за подобар живот, порача Никола Груевски, претседателот на најголемата опозициска партија. Според него, декларацијата е вовед во нова победа на изборите што следуваат.

„Овие локални избори не се само обични избори за градоначалници и локални совети, ова се избори за Македонија. Во минатиот период владата  покажа неспособност да се справуваат со проблемите на граѓаните. Погледнете ги штетите во само три месеци, пад на економијата индустриското производтсво, пад на просечните плати, растот на трошоците за живот и цените на производите, кампања против инвеститори и хаос во секој ресор на нивното работење. Тоа е одраз не само на нивното незнаење, туку и на нивната катaстрофална кадровска политика. Сега гледаме дека истото го прават и во пресрет на локалните избори“, рече Груевски.

Се базираме на концептот на развој и напредок на Македонија, подобар стандард на граѓаните, истакна Груевски. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, овие избори се ново утро за Македонија. Вели, обединето ќе продолжиме да работиме за граѓаните и за државата, да се вратиме на патот кој значи стабилност и сигурност.

 

Сунчица Николоска