Собранието ќе расправа за минималната плата, стечајците и радиодифузната такса
На продолжението на 12-тата седница пратениците треба да го разгледаат и предлог- законот за изменување на законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, по скратена постапка...

Собранието ќе расправа за минималната плата, стечајците и радиодифузната такса. На продолжението на 12-тата седница пратениците треба да го разгледаат и предлог- законот за изменување на законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, по скратена постапка, предлог- законот за изменување и дополнување на законот за извршување, предлог- законот за издавање вредносни бонови- ваучери.
На дневен ред е и предлог- законот за ратификација на спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската унија и предлог- законот за ратификација на договорот од Париз.
