Северна Кореја: Неидентификувана ракета над Јапонија
15.09.2017 10:17
Проектилот се движел 3,700 километри на височина од 770 км прелетувајќи го островот Хокаидо пред да падне в море.

Северна Кореја истрела ракета над северниот дел на Јапонија, со што дополнително се зголемија тензиите во регионот по пробата на хидрогенската бомба пред две недели.
Проектилот се движел 3,700 километри на височина од 770 км прелетувајќи го островот Хокаидо пред да падне в море.
Советот за безбедност на ОН повторно закажа вонредна седница само неколку дена откако усвои нови санкции против Пјонгјанг поради шестата нуклеарна проба на трети септември.
