Каталонија: Почна кампањата за референдумот за независност

15.09.2017 10:48

Одлуката за гласањето закажано за 1-ви октомври според шпанската Влада е илегална, па Уставниот суд ја блокираше сѐ до неговото конечно изјаснување околу уставноста на целата постапка.

Во Каталонија официјално почна кампањата за референдумот за независност. На митингот во градот Тарагона присуствуваше и претседателот на каталонската Влада, Пучдемон.

Одлуката за гласањето закажано за 1-ви октомври според шпанската Влада е илегална, па Уставниот суд ја блокираше сѐ до неговото конечно изјаснување околу уставноста на целата постапка.

Полицијата доби наредба да ги оневозможува подготовките за референдумот, а шпанското Јавно обвинителство најави казнени мерки против сите кои ќе учествуваат во организацијата.