Експлозија во метро- станица во Лондон

15.09.2017 12:25

Полицијата, противпожарните екипи и амбулантите возила се на станицата „Парсонс грин“ во западниот дел на Лондон.

Неколку лица се здобија со изгореници на лицето, при експлозија во корпа за отпадоци крај воз во лондонското метро. Полицијата, противпожарните екипи и амбулантите возила се на станицата „Парсонс грин“ во западниот дел на Лондон.

Сообраќајот е во прекин. Се истражуваат причините за инцидентот кој се третира како терористички чин.