СЈО ќе го објави четвртиот полугодишен извештај

15.09.2017 12:46

Обвинителката Катица Јанева извештајот треба да го предаде до Собранието и до Советот на јавни обвинители. Понатаму се очекува и претседателот на Собранието, Талат Џафери да закаже седница за Јанева да го презентира пред пратениците.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе го објави четвртиот извештај за сработеното за изминатиот шестмесечен период.

Обвинителката Катица Јанева извештајот треба да го предаде до Собранието и до Советот на јавни обвинители. Понатаму се очекува и претседателот на Собранието, Талат Џафери да закаже седница за Јанева да го презентира пред пратениците.

Минатата година, специјалната јавна обвинителка го образложуваше вториот извештај во Собранието и одговараше на пратенички прашања.