Издадена публикација со резултатите од работата на Владата во првите 100 дена

15.09.2017 12:52

о отчет е сумирана работата на сите министерства поединечно, во духот на основните заложби на Владата, за транспарентност и отчетност пред граѓаните на Република Македонија, наведуваат во соопштението од владината прес- служба.

Владата ја издаде публикацијата со резултатите од работата во првите 100 дена. Во отчет е сумирана работата на сите министерства поединечно, во духот на основните заложби на Владата, за транспарентност и отчетност пред граѓаните на Република Македонија, наведуваат во соопштението од владината прес- служба.

Велат, резултатите се постигнати после една исклучително сложена и кризна ситуација во нашата земја. Реализирани повеќе ветувања дадени на граѓаните во предизборниот период.

Сумираните досегашни активности кои резултираа со бројни реформи, предлог-закони, системски реформи во доменот на работата на секое министерство поединечно, како дел од големата слика за работата на Владата на Република Македонија, се плод на посветена работа и верба во визијата на владата за подобар живот на граѓаните на Република Македонија, како прв дел од реформскиот План 3-6-9, кој продолжува да се имплементира со истото темпо, посветеност и ентузијазам, за една обновена, европска и среќна Македонија- стои во соопштението.