Заев: Мора да се зајакнуваат демократските институции за мир и стабилност

15.09.2017 13:01

Продолжуваме со остварување на непосредната демократија за заштита на човековите права и слободи, вели премиерот...

За Меѓународниот ден на демократијата премиерот Заев во видеобраќање изјави дека мора да се зајакнуваат демократските институции за мир и стабилност. Продолжуваме со остварување на непосредната демократија за заштита на човековите права и слободи, вели премиерот.

„Слободна и демократска земја значи и демократска поделба на власта. Република Македонија го одбра концептот на поделба на власта на законодавна, извршна и судска, кои не смеат да се преклопуваат, што е механизам кој мора да се почитува за да се ограничи државната власт и за да се заштитат човековите права и слободи“, изјави премиерот Заев.

Премиерот во обраќањето нагласува- ќе обезбедиме услови за фер и демократски избори за сите граѓани на нашава земја директно да ја практикуваат најголемата придобивка на демократијата – да одлучат за себе.

Секој глас е важен затоа што политиките кои ќе бидат креирани на локално ниво ги засегаат сите граѓаните од општините на Македонија, вели Заев.