Дисциплинските постапки за 32 административци ставени во мирување
Меѓу шесте предмети за приговори во врска со прекршувања на Изборниот законик, Антикорупционерите го разгледаа образложението на Генералниот секретаријат на Владата. Секретаријатот доставил доказ дека дисциплинските против триесет и двајцата администртивци се ставени во мирување. За Слободанка Алексовска, Комисијата побарала од Агенцијата за вработување акт што ќе потврди дека постапката против неа е ставена во мирување. Другите приговори беа отфрлени...

Дисциплинските постапки за 32 административци од Генералниот секретаријат на Владата се ставени во мирување и со тоа непочитувањето на Изборниот законик е отстрането, заклучија Антикорупционерите. Ова е одговорот на Александар Колевски и триесетина други кои поднесоа приговор до Комисијата.
За случајот на Слободанка Алексовска, поранешен раководител во Агенцијата за вработување, Антикорупционерите ќе побараат од институцијата акт со кој се докажува дека дисциплинската постапка против неа е ставена во мирување. Рокот за одговор ќе биде три дена.
Приговорот на Слободан Коцев од Демир Капија беше отфрлен. Барањето на непознатиот поднесувач во врска со Јавното комунално претпријатие „Дервен“ од Велес беше одбиено, а отфрлени беа и приговорите на Горан Симјановски против Здравствениот дом од Охрид и на Димче Стојановски од Скопје. На некои од нив Комисијата ќе им проследи и поуки за понатамошно постапување.
Фиљана Кока
