Во Собранието расправа за медицинските студии и за усовршувањето на лекарите

15.09.2017 15:42

Мнозинството предлага нови решенија за мединските студии – да нема стручен испит и да нема обврска за ангажман за професори од странство. Опозицијата со став дека изминатите 100 дена во здравството владее хаос, наместо да се фокусира на реалната проблематика, министерот Таравари си води кампања на терен...

Со измените на Законот, идните лекари повеќе нема да го полагаат стручниот испит по завршување на втората година. Факултетите не се обврзуваат да ангажираат професори од странство, ниту да предаваат по учебниците на кои се учи на светските реномирани универзитети. Ова го истакнаа пратениците од власта кои предлагаат нови решенија во Законот за медицински студии.

Дискусијата за законските измени, опозицијата ја искористи за да потсети уште еднаш дека во здрваството, како што велат- владее хаос. Наместо да се фокусира на реалната проблематика, министерот Таравари си води кампања на терен, обвини пратеникот Антонијо Милошоски.

На продолжението на 12-тата Собраниска седница се и законските измени за утврдување на минималната плата, за материјалното обезбедување на стечајните работници и за укинување на радиодифузната такса.

 

Анита Димитријевска