Министерот Ибраимовски со отчет за сработеното во првите 100 дена

15.09.2017 15:45

Иницирано е отворање на Ромски културен центар во Скопје и Ромска катедра на Педагошкиот факултет во Скопје, решени се дел од проблемите со снабдувањето со струја на ромските населби- 100 дена од работата на министерот без ресор, Самка Ибраимовски.

Шуто Оризари доби гинеколог, обезбедени се 15 стипендии од приватен универвизитет, исчистена е депонијата на потегот Битола- Ресен каде што живеат Роми, ова се дел од активностите кои се реализирани во изминатите 100 дена, истакна Министерот без ресор Самка Ибраимовски. Како што рече, направиле и пресек на она што е сработено во изминатите 10 години, утврдени биле пропусти, а проекти за кои се земени пари од европските фондови не се реализирани.

Истражувањата на граѓанските организации покажуваат дека половина од Ромите кои живеат на периферија од градовите или т.н. ромски маала, домовите им се со влага, немаат приклучок на канализациска мрежа, дел од нив немаат и вода.

Според податоците, 50 проценти од ромите се невработени, степенот на образование варира од општина во општина. Во ромските семејства најголем број членови се деца и млади. Само 3 проценти од нив имаат над 65 години, се наведува во истражувањето.

 

Наташа Јанчиќ