Извештај на Прибе: Да се врати довербата во државните институции и функционери
Европските стручњаци бараат СЈО да продолжи дa работи со покренување кривична одговорност за сите сторители. Во извештајот се наведува дека Владата треба да ја спроведе стратегијата за реформи на медиумите, но и транспарентност во работата на невладините организации...

Да се врати довербата во државните институции и функционери, со целосно спречување на непотизмот и на корупцијата, пишува во извештајот на експертската група на Рајнхард Прибе, објавен вчера на електронската страница на Европската комисија.
Постои партизација на државата, но грешките од минатото не смеат да бидат повторени. Некои акции што ќе бидат спроведени во блиска иднина, ќе бидат од значително значење и еден вид на тест во таа насока, тврди Прибе во делот за градењето доверба.
Европските стручњаци бараат СЈО да продолжи дa работи со покренување кривична одговорност за сите сторители. Во извештајот се наведува дека Владата треба да ја спроведе стратегијата за реформи на медиумите, но и транспарентност во работата на невладините организации.
Групата на Прибе работеше на извештајот од 17-ти до 21-ви јули годинава, при посетата на земјава.
