Седница на ДИК за локалните избори

16.09.2017 10:22

На дневен ред се барања за акредитации за меѓународни набљудувачи, одлука за објавување на описите на избирачките места, одлука за ангажирање на помошно тело, извештај за Избирачкиот список по завршениот јавен увид...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која ќе бидат разгледани неколку одлуки и извештаи во врска со локалните избори закажани за 15 октомври.

На дневен ред се барања за акредитации за меѓународни набљудувачи, одлука за објавување на описите на избирачките места, одлука за ангажирање на помошно тело, извештај за Избирачкиот список по завршениот јавен увид, поништување на одлуката за избор на економски оператор за печатење на Избирачкиот список и извештај за рекламни паноа и билборди и случаен избор за распределба на рекламните паноа и билборди.