Ново рочиште за „Диво насеље“

18.09.2017 10:52

Се очекува завршен збор на обвинетиот Дем Шеху. Инаку, двајца од обвинетите не го признаваат судот и ги бојкотираат рочиштата.

Ново рочиште за случајот „Диво насеље“. Се очекува завршен збор на обвинетиот Дем Шеху. Инаку, двајца од обвинетите не го признаваат судот и ги бојкотираат рочиштата.

Во четвртокот во завршниот збор, адвокатот Насер Рауфи рече дека обвинението не е поткрепено со цврсти докази и дека акцијата била исценирана.

Претходно, обвинителството во завршните зборови побара највисоки казни за обвинетите за тероризам и терористичка организација.

На 9-ти и на 10-ти мај 2015-та година во акцијата против терористичката група загинаа осуммина припадници на полицијата, а 40-ина беа повредени.