Жртви и повредени во невремето во Романија
18.09.2017 10:54
Поројниот дожд и силниот ветер предизвикаа прекин на електричната енергија, блокираа патишта и корнеа дрвја.

Осум лица загинаа, а над 60 се повредени во бура во западна Романија. Поројниот дожд и силниот ветер предизвикаа прекин на електричната енергија, блокираа патишта и корнеа дрвја.
Романскиот претседател Јоханис изрази сочувство до семејствата на жртвите и настраданите во невремето.
