Врховен суд: Расправа за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ
Во четвртокот расправата беше одложена со кусо образложение- поради технички причини.

Врховниот суд, по барање на Специјалното јавно обвинителство, треба да расправа за законитоста на одлуката на скопскиот Кривичен суд да не биде замрзнат дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, во предметот „Талир“ кој се однесува на финансирањето на партијата.
Во четвртокот расправата беше одложена со кусо образложение- поради технички причини.
Специјалното јавно обвинителство бара замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се сомневаат дека е стекнат на незаконски начин.
Се чека одлуката на Врховниот суд и по барањето на СЈО за оцена на законитоста на одлуката на Кривичниот суд за казната затвор од три години за ексвработениот во УБК Звонко Костовски, за случајот „Пуч“.
