ЕЛЕМ ќе го зголемува домашното производство на струја

18.09.2017 11:09

Да се зголеми домашното производство и да се минимизира потребата од увоз на електрична енергија, цел на раководството на ЕЛЕМ. Обвинија за неправилности во работењето на претходната гарнитура.

АД ЕЛЕМ прави напори да се зголеми производството на електична енегрија и да се минимизира потребата од увоз, информираа од компанијата. Генералниот директор Миновски, нагласи дека производството опаѓало во последниве десетина години.

Во 2006-та година, како што рече, биле произведени 6.510 гигават часови електрична енергија, а годинава се очекува да бидат произведени 3.600 гигават часови. Според Миновски, причините за ваквата состојба е работењето на претходното раководство.

Во ТЕЦ Осломеј се вршат активности на терен за да биде подготвена термоцентралата за производство и се прават напори да се обезбеди јаглен бидејќи веќе се искористени ископите, нагласи Миновски.

Додаде, дека еден генератор во ХЕЦ Козјак е во дефект од септември минатата година и воопшто не се преземни активности за негово оспособување.