Се засилува новиот ураган „Марија“

18.09.2017 11:18

Траекторијата по којашто се движи е иста со онаа на разорната „Ирма“ која го опустоши Карипскиот архипелаг и дел од Соединетите Американски Држави.

Ураганот „Марија“ од прва категорија ќе се засилува во наредните 48 часа.

Траекторијата по којашто се движи е иста со онаа на разорната „Ирма“ која го опустоши Карипскиот архипелаг и дел од Соединетите Американски Држави.

Орканот од петта категорија усмрти над 50 луѓе и предизвика штета во вредност од милијарди долари.