Во Собранието процедурални препукувања меѓу власта и опозицијата

18.09.2017 13:10

На дневен ред на пленарката се предлог законите за зголемување на минималната плата, за стечајците и за укинување на радиодифузната такса.

Изгласани предлог измените- на Законот за медицински студии и континуирано стручно усовршување на докторите. На дневен ред на пленарката се предлог законите за зголемување на минималната плата, за стечајците и за укинување на радиодифузната такса.

Опозицијата најави дека ќе ги поддржи решенијата, но побара конструктивност и од власта за нивните предлози за зголемување на платите за 5 насто за администрацијата и за ваучери за студентите.

Како коалиција „За подобра Македонија“ кажавме дека за сите три закони нема да правиме проблеми, но бидејќи и ние имаме два закона кои ни се важни, а важни се и за сите граѓани, би сакале конструктивноста на опозицијата да соодветствува и за возврат да имаме даден збор за макар еден од двата закона, рече Милошоски, додавајќи дека законите ќе почнат да се применуваат од следната година и оти сега нема да имаат финансиски импликации врз Буџетот.