Ќе се зголемува соработката во земјоделството
Македонија и Хрватска ќе договорат приоритети од областа на земјоделството, оценија министрите на двете земји, Љупчо Димовски и Тихомир Јаковина на средбата.

Македонија во својот евроитеграциски процес ќе ги користи искуствата од Хрватска како полноправна членка на Европската унија.
За ефикасен систем за наводнување на земјоделските површини и фитосанитарни контроли на земјоделските производи разговораа македонскиот и хрватскиот ресорен министер. Ќе се користат хрватските искуства и за искористувањето на претпристапните фондови. Целта се позитивни трендови во производството на храна и зголемување на извозот.
-„ За Република Македонија е особено значајна можноста за понатамошна соработка во делот на искористување на претпристапните фондови и искуствата наХрватска во спроведувањето на мерката за техничка помош, како и акредитација на мерките за рурален развој,“ изјави Љупчо Димовски -министер за земјоделство,шумарство и водостопанство
Пазарот е отворен и либерализиран, а понудата и ценатасеусловениодквалитетот и стандардизацијатанаквалитетот. Потребно е поврзување на бизнисмените за да се зголеми соработката меѓу двете земји,вели хрватскиот министер за земјоделство -Јаковина.
- „Треба да имаме што повеќе заеднички вложувања. Хрватска веќе има значаен број инвестиции во вашата земја, но со оглед на релативно малото производство и во Македонија и воХрватска, треба да работиме на заеднички проекти за излез на трети пазари,“ вели ТихомирЈаковина министер за земјоделство –Хрватска
Лани македонија во Хрватска извезла производи во вредност од 100 милиони долари. Македонија најмногу извезува овошје ,зеленчук тутун и јагнешко.
Дијана Ценевска
