ВМРО-ДПМНЕ: Кривична одговорност за Рашковски
18.09.2017 14:00
Рашковски кривично да одговара за, како што велат од партијата, организираната спрега и испумпувањето пари од буџетот преку фирмата на неговиот кум.

ВМРО-ДПМНЕ бара генералниот секретар на Владата, Рашковски кривично да одговара за, како што велат од партијата, организираната спрега и испумпувањето пари од буџетот преку фирмата на неговиот кум.
Тој си ја ангажираше фирмата на неговиот кум, наменски формирана на само 2 месеци пред да се случи тоа и со пари на граѓаните се плаќаат скапи услуги. Згора на тоа Рашковски и владата плаќаат на кумот на Рашковски за нешто што веќе може да се направи од службите на генералниот секретаријат за што луѓе добиваат и плата. Владата молчи затоа што фактите се јасни- велат од опозициската партија.
