Утре жребка за редоследот на листите на локалните избори
18.09.2017 14:40
Државната изборна комисија со жребка утре ќе го утврди редоследот на гласачкото ливче за локалните избори на 15-ти октомври.

Поради технички причини, наместо денеска како што предвидува роковникот, Државната изборна комисија со жребка утре ќе го утврди редоследот на гласачкото ливче за локалните избори на 15-ти октомври.
Во трка се две коалиции и девет политички партии. На локалните избори самостојно ќе трчаат и 26 кандидати за градоначалници, а поднесени се и 47 независни советнички листи.
Изборите ќе се спроведуваат во 80 општини и во Градот Скопје.
