Врховен суд: Расправа за имотот на ВМРО-ДПМНЕ

18.09.2017 15:18

Јавната обвинителка Ленче Ристовска ги образложи причините зошто СЈО и натаму останува на барањето како дел од истрагата „Талир“. Ристовска потенцира дека решението на Кривичниот совет од скопска единица е незаконско. Ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека СЈО работи во полза на власта.

Врховниот суд во наредните денови треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето за заштита на законитоста поднесена од Специјалното јавно обвинителство за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавната обвинителка Ленче Ристовска ги образложи причините зошто СЈО и натаму останува на барањето како дел од истрагата „Талир“. Ристовска потенцира дека решението на Кривичниот совет од скопска единица е незаконско. Ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека СЈО работи во полза на власта.

„Замрзнувањето на имотот е само привремено. Со тоа само би се вовела забрана раководните лица да не можат го отуѓуваат имотот  и да нанесат дополнителна штета  на политичката партија. Ако ја земаме политичката партија како правен субјект, она што го преземаме е во заштита на партијата“, изјави Ристовска.

Се чека одлуката и по барањето за оцена на законитоста на одлуката на Кривичниот суд за казната затвор од три години за ексвработениот во УБК, Звонко Костовски, за случајот „Пуч“.