Сенатот ќе одобри 700 милијарди долари за Пентагон
18.09.2017 15:23
700 милијарди долари ќе легнат на сметката на Пентагон, ракетната одбрана ќе се проширува и нема да се затвораат воените бази.

Американскиот Сенат се подготвува да усвои Закон за одбранбената политика на претседателот Трамп. 700 милијарди долари ќе легнат на сметката на Пентагон, ракетната одбрана ќе се проширува и нема да се затвораат воените бази.
Иако Белата куќа има забелешки на документот од 1.215 страници, претседателот Трамп не се закани со вето.
Во предизборната кампања, тој вети зголемување на финансиите за војската.
